13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради средбата Шкендија-Милан се воведува посебен режим на движење

Поради средбата Шкендија-Милан се воведува посебен режим на движење

Посебен режим на сообраќај за возила и пешаци ќе биде воведен денеска поради фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкендија“ и ФК „Милан“ што ќе се одигра вечерва во 20.45 часот на стадионот „Телеком арена“ во Скопје, соопшти МВР.

Почнувајќи од 15 часот, ќе биде ограничено движењето по сообраќајниците кои водат кон фудбалскиот стадион „Телеком арена“, и тоа: булеварот Илинден, улиците Ристо Шишков, Аминта Трети, Наум Наумовски – Борче, сервисната улица во Градскиот парк околу фудбалскиот стадион, како и улицата Лазар Личеноски.

Ограничувањето нема да важи само за возила што имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон спортскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лицата што поседуваат билети за фудбалскиот натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП