4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРускиот гигант искешира - Ова е најголемото преземање во историјата

Рускиот гигант искешира – Ова е најголемото преземање во историјата

Најголемиот руски производител на нафта, државниот „Rosneft“ го доврши преземањето на 49 проценти од уделот во приватната индиска рафинерија „Essar Oil“.

Рускиот гигант за уделот во оваа рафинерија издвои 12,9 милијарди долари.

Уште 49 проценти ќе има конзорциумот на трговци со нафта „Trafigura“ и рускиот фонд „UCP“, додека останатите 1,74 проценти им припаѓаат на малите инвеститори.

„Rosneft“ влезе во брзорастечкиот азиско-пацифички пазар, вели шефот на компанијата Игор Сечин, а ова е прво негово влегување во азискиот рафинерски сектор, како и најголемо странско преземање во историјата на Индија“.

Се очекува дека годишните потреби на Индија за нафта ќе растат во просек за 5,9 проценти до 2020 година, а рафинеријата „Essar“ на западот од земјата може дневно да преработи 400.000 барели суровина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП