25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Планински кавијар“ премиерно беше прикажан на „Македокс

„Планински кавијар“ премиерно беше прикажан на „Македокс

На платото пред Куршумли-ан публиката вчера имаше можност да ужива во премиерата на македонскиот документарен филм „Планински кавијар“ на авторот Јордан Дуков, во продукција на телевизија „Телма“.

Филмот ја раскажува приказната за гевгеличанецот Миле, кој не сака да најде постојана работа во градот и некој ’шеф‘ постојано да му ’виси‘ над главата туку одлучил секое лето, на надморска висина од над 2.000 метри на југот на Македонија, да собира боровинки, или како што таму ги нарекуваат „планински кавијар“. Така, неговата канцеларија го има најубавиот поглед во светот, а тој успева со два месеца работа во планината доволно да заработи за пристоен живот.

„Никој не те тера да работиш, но ако сакаш да заработиш, тогаш самиот си свесен дека треба да работиш“, вели главниот лик Миле во филмот.

Авторот Јордан Дуков имал две главни цели во снимањето на документарниот филм. Првата е да го прикаже собирачот на боровинки Миле таков каков што е, и втората – да го прикаже аскетскиот живот на собирачите на боровинки високо во планината. Идејата за снимање на филмот тлеела повеќе години, а со главниот протагонист се знаеле долго време. Филмот е снимен како телевизиска продукција. Снимател е Јане Марковски, а монтажата е на Снежана Младеновска – Анѓелков. По проекцијата на филмот, публиката на „Македокс“ имаше можност да дегустира боровинки собрани од главниот протагонист Миле.

Во рамките на програмата на осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ од 21 до 25 август во Даут-пашиниот амам се одвива работилницата за визуелна нарација „Една слика, илјада зборови“.

Во однос на музичкиот дел, „Тони Китановски трио“ настапи вчера, Брина настапува вечерва, езгијата на Оркестар чалгии ориент бенд следува утре и „Баклава“ на затворањето на фестивалот на 25 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП