
Францускиот бренд за деца Оkaidi го прославува почетокот на училиштето со пораки за позитивни мисли и чувства, добро расположение, меѓусебно помагање, толеранција и оптимизам. Овие пораки, испреплетени со симболични елементи кои асоцираат на почетокот на училишната година се пресликани во фотосесија, изработена локално како поддршка на кампањата “Назад во училиштe”.



