2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal го презема Maersk Oil за 7,45 млрд долари

Total го презема Maersk Oil за 7,45 млрд долари

Француската енергетска компанија „Total“ го купува данскиот „Maersk Oil“, со трансакцијата вредна 7,45 милијарди долари, од која во „Total“ очекуваат дека ќе им ја зголеми заработката и текот на готовина.

Данската компанија „AP Moller Maersk“ го продава својот нафтен бизнис „Maersk Oil“ за да се концентрира на други активности, вклучувајќи го и својот бродски бизнис.

Во склад со условите на трансакцијата, „Moller Maersk“ ќе добие 4,95 милијарди долари во акции на „Total“, а фанцуската компанијата ќе преземе 2,5 милијарди долари од долгот на „Maersk“.

Водечките светски нафтени компании во изминататата година се вратија на патот за преземање, охрабрени од знаците за закрепнување на пазарот за нафта.

Продажбата доаѓа во момент на големото реструкуирање на „Maersk“, со цел конентрацијата на превозничкиот и логистичкиот бизнис како и одвојување на енергетскиот бизнис, кој се соочува со пад на приходите.

„Total“ проценува дека аквизицијата ќе создаде синергиски ефект од повеќе од 400 милиони долари годишно.

„Ова трансакција моментално ќе ја зголеми заработката по акција, ќе ги забрза паричните текови и ќе ни донесе понатамошен раст во идните години“, изјави извршниот директор на „Total“, Патрик Поујане.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП