28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ќе постави монтажен паркинг во Дебар Маало

Општина Центар ќе постави монтажен паркинг во Дебар Маало

Општина Центар информира дека го поздравува конструктивниот протест кој вчера го одржаа граѓаните и побараа ослободување на тротоарите од возила во Дебар Маало. Општината смета дека барањата се целосно оправдани и уште веднаш ќе се посвети на решавање на овој проблем и подготовка на трајно системско решение.

„Во таа насока веќе се почнати неколку активности. Како прв приоритет е обезбедување простор за паркинг на повеќе возила во Дебар Маало за што веќе е најдено решение. Имено, набргу ќе биде поставен монтажен паркинг помеѓу општината и Министерството за одбрана, со влез и излез од улицата Орце Николов. Паркингот ќе обезбеди место за 270-290 возила. Ваквото решение е првиот чекор кон пренасочување на паркирањето и ослободување на тротоарите“, се наведува во соопштението.

Пред да се постават заштитни столпчиња на сите улици и се поврзат во целосна пешачка мрежа, ќе се изработи студија за мерење на сообраќајот и проекција за потребниот паркинг-простор за резидентите. Од оваа студија ќе се подготви решение за целиот кварт. За конечна имплементација на решението ќе биде потребно заедничко дејствување на повеќе институции со разни надлежности.

„Затоа, Општина Центар уште веднаш ќе иницира формирање координативно тело со претставници од сите надлежни институции. Во ова тело ќе бидат повикани претставници на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ПОЦ и ќе се изработи план за имплементација на решението. Добредојдени се претставници на граѓаните да учествуваат во ова тело, но и да даваат сугестии во фаза на изработка на решението. Општина Центар веќе презема некои мерки за смирување на сообраќајот во Дебар Маало, како што е зона 30. За жал, поради лоша соработка со претходната власт и недоволна контрола од страна на тогашното МВР, ограничувањето не се почитуваше во целост“, соопшти Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП