2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква целосно го исплати долгот од времето на СССР

Москва целосно го исплати долгот од времето на СССР

Со исплатата на долгот кон Босна и Херцеговина од времето на поранешна СССР во вредност од 125,2 милиони долари, Русија ги исплати сите обврски од тој период.

Од руското Министерство за финансии е соопштено дека БиХ била последната држава-кредитор кон која обврските не биле регулирани.

Во соопштението се додава дека долгот кон БиХ е исплатен врз основа на договорот меѓу Владата на Русија и Советот на министри за регулирање на обврските од поранешна СССР, поврзани за трговскиот промет меѓу поранешната СССР и поранешната СФРЈ, кој е потпишан во Москва на 21 март 2017 и кој стапи на сила на 20 јули.

Обврските кон останатите Републики од поранешна Југославија се подмирени во периодот меѓу 2011 и 2016 година, пренесе Спутник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП