26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКалиниќ се сели на „Сан Сиро“

Калиниќ се сели на „Сан Сиро“

Фудбалскиот клуб Милан потврди дека постигнал договор со хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ кој на „Сан Сиро“ ќе пристигне од Фиорентина.

Трансферот на Калиниќ се претвори во вистинска „шпанска серија“, Милан од самиот почеток на преодниот рок се обидуваше да го донесе во своите редови, но тимовите не можеа да се договорат околу обесштетувањето.

Сепак, вечерва, Милан објави дека конечно е постигнат договор, односно дека оваа сезона за сума од пет милиони евра Калиниќ ќе настапува како позајмен фудбалер, а наредната сезона Милан ќе мора да го откупи за сума од 20 милиони евра.

Калиниќ утре треба да пристигне во Милано и кога ќе ги мине лекарските прегледи ќе го потпише договорот со Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП