3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фич“ за еден степен го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

„Фич“ за еден степен го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен, од ССС (латински букви) на В -, пренесоа американските медиуми.

И покрај зголемувањето на кредитниот рејтинг грчките обврзници остануваат доста под инвестициското ниво.

Перспективите за грчката економија се оценуваат како позитивни и се очекува преговорите со меѓународните кредитори да бидат завршени „без да се создава нестабилност“.

„Фич“ дополнува дека останатите земји од еврозоната веројатно идната година на Грција ќе и овозможат значително олеснување на долгот. Тоа ќе го стимулира пазарот и на земјата ќе и помогне да си обезбеди директно финансирање преку емитување обврзници, откако на крајот на оваа година ќе заврши спасувачката програма.

Политичката ситуација во Грција е стабилизирана и има „ограничен“ ризик идната влада да го сврти курсот на штедење и реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП