6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема намалување на пензиите

Нема намалување на пензиите

Секој пензионер во согласност со Законот за пензиите и членот од Законот за усогласувањето со растот на трошоците за живот и растот на платите ќе добива по 180 денари секој месец, од јануари до декември, или за 2017 година ќе добие 2.160 денари, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Царовска на прес-конференција рече дека кратење на пензиите немало и дека тоа е дезинформација.

– Ниту сме ветиле ниту некогаш ќе ветиме кратење на правото на пензионерите. Ние ќе им дадеме за една година 2.160 денари. Во 2016 година пензионерите еднократно добија 630 денари зашто усогласувањата, двапати годишно, ВМРО-ДПМНЕ ги скрати. Со тоа им било скратено правото на пензионерите како растат трошоците за живот и платите така да им растат и пензиите. Се обврзавме дека на крајот на секоја година ќе ја процениме кондицијата на буџетот и ќе обезбедиме дополнително покачување на пензиите ако тоа го дозволува државната каса – нагласи Царовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП