6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарични награди за војниците кои ги гаснеа пожарите

Парични награди за војниците кои ги гаснеа пожарите

Сите војници и старешини кои учествуваа и помагаа во гаснењето на пожарите ќе бидат парично наградени, најави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на АРМ.

Кога пожарите летово се проширија низ повеќе делови од нашата држава, Армијата повторно прва дојде на помош. Со хеликоптери кои значеа спас за повеќе села и за бројни семејства, со посади кои две недели не знаеја за одмор, во ризични и напорни акции, со дополнителни 60 претставници и припадници на вооружените копнени сили кои секојдневно се бореа со пожарите, ставајќи ја добросостојбата на своите граѓани пред својата. Оваа непоколеблива посветеност и оваа жртва заслужува да се вреднува од сите нас и од државата, нагласи Шекеринска на свечениот собир на вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.

Таа додаде дека храброста не се плаќа со пари, но и грижата не смее да остане само на зборови.

– Храброста и херојскиот напор на нашите војници не смеат да поминуваат без признанија, рече Шекеринска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП