6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадинките од први септември со двосменско работење

Градинките од први септември со двосменско работење

Од први септември градинките треба да почнат да работат во две смени, соопшти министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Согласно со владината одлука донесена на 10 јули годинава, првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот, од 8:00 до 16:00 часот.

Како што рече Царовска, Министерството е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе го наложи двосменското работење.

– Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи, напомена Царовска на прес-конференција и најави нови инвестиции во градинките, посебно во руралните средини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП