11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката HSBC дели 14.000 откази

Банката HSBC дели 14.000 откази

hsbc1

Британската банка „HSBC“ би можела, во рамките на планот кој за наредниот период предвидува заштеда од три милијарди долари на годишно ниво, да додели уште 14.000 откази.

Како што пренесува Ројтерс, оваа банка при претставувањето на стратегијата за наредниот тригодишен период, најавила дека нејзиниот број на вработени би можел да се намали на 240.000 од 250.000 лица во периодот меѓу 2014 и 2016 година, додека на крајот на 2012 вкупниот број на вработени изнесуваше 261.000 лица.

Во извештајот за годишните резултати, банката наведе дека мерките за заштеда на средства се наизбежни, со цел да се елиминираат потенцијалните ризици кои се закануваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП