7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУспешно се спроведува Програмата за размена на средношколци меѓу Македонија и САД

Успешно се спроведува Програмата за размена на средношколци меѓу Македонија и САД

Денеска во Скопје пристигнува новата група (четврта по ред) од пет американски средношколци кои ќе престојуваат во Македонија 10 месеци во рамки на Програмата за младинска размена и образование (Youth Exchange and Study Program – YES) финансирана од Владата на САД и администрирана од Бирото за образование и културни работи (Bureau of Educational and Cultural Affairs – ECA) на американскиот Стејт департмент.

Петте ученици, американски државјани, на возраст од 16 до 18 години, ќе живеат во македонски семејства домаќини и ќе учат во македонски средни училишта (СУГС „Јосип Броз Тито“ и НОВА меѓународни училишта) запознавајќи ја македонската култура во текот на една учебна година.

Во согласност со мисијата на Бирото за образование и културни работи на Стејт департментот да се зголеми меѓусебното разбирање помеѓу луѓето од САД и луѓето од другите земји преку образовна и културна размена кои придонесуваат за развојот на мирољубиви релации во Македонија, оваа Програма започна во 2008 година. Првата група македонски средношколци стипендирани преку оваа програма отидоа во САД во учебната 2009-2010 година. Од тогаш до денес 113 ученици од сите краеви на Македонија се дел од оваа успешна меѓукултурна размена.

На 15 август замина најновата група од 10 средношколци од Македонија кои ќе живеат во американски семејства домаќини и ќе учат во средни училишта во САД.

Во септември 2017 година почнува новиот циклус на селекција на ученици од Македонија за учебната 2018-2019 година. Заинтересираните ученици ќе може да се пријават на 30 септември во Скопје, 3 октомври во Куманово, 4 октомври во Штип и 5 октомври во Струга.

Сите заинтересирани ученици од прва и втора година средно училиште може да дојдат и да се пријават. Подетаљни информации може да се најдат на веб-страницата http://ac-see.org/new/ и http://ac-see.org/new/yesmacedonia/, како и на следните фејсбук-профили:

https://www.facebook.com/AmericanCouncilsMacedonia/

https://www.facebook.com/YES-Macedonia-544110625766852/

https://www.facebook.com/YESalumnimk/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП