8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМанчевски: Двојно поголема можност за учество на граѓаните при подготовка на прописите,...

Манчевски: Двојно поголема можност за учество на граѓаните при подготовка на прописите, рокот за консултации на ЕНЕР се зголемува од 10 на 20 дена

На последната седница на Влада, се донесе одлука рокот за консултации на Единствениот национален електронски регистар да се зголеми од 10 на 20 дена.

“Со оваа одлука на Владата се придонесува за поголема транспарентност, отвореност, навременост и одговорност при подготовката на предлог-законите од страна на Владата. Зголемувањето на рокот за консултации има за цел да поттикне поголемо учество на пошироката јавност и граѓаните при подготовка на прописите. На тој начин креаторите на политиките ќе носат одлуки  засновани на аргументи и во консултација со сите засегнати страни. Како што најави Владата во својата програма, со целосна примена на ЕНЕР ќе се овозможи системски и отворен дијалог и со бизнис-заедницата”, се вели во соопштението.

“Консултациите придонесуваат кон градење на меѓусебната доверба, развивање на квалитетот на демократијата и подобрување на процесот на креирање квалитетни политики.  Во тој правец е и оваа одлука на Владата и на МИОА”, вели Манчевски.

“Со оваа одлука се придонесува и кон тоа најголемиот дел од предлог законите, пред да се достават на разгледување во владина постапка, задолжително да се објавуваат на ЕНЕР. Тука, во период од 20 дена јавните корисници ќе може да ги испраќаат своите коментари и на тој начин да се вклучат во креирањето на новите предлог закони преку дискусија и давање предлози, со цел квалитативно да влијаат врз донесувањето на новите законски решенија”, тој додава.

“Собранието во изминатите неколку години имаше пракса да носи закони по скратена постапка, односно од 2011 до 2016, повеќе од половина од законите се донесени по скратена постапка. Во 2014, повеќе од 50%, а во 2015 повеќе од 70% од законите. Оваа пракса на Собранието, резултираше со мал интерес на граѓаните да коментираат, да даваат свои сугестии и препораки на објавените предлог законски измени на ЕНЕР. Граѓаните не беа вклучени во подготовката на најголем дел на предлог закони. Со оваа измена во Деловникот за работа на Владата, сите засегнати страни ќе имаат можност и време да се вклучат во креирање на новите предлог закони”, се вели во соопштението на МИОА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП