8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад четири тони опасен отпад собран во општина Аеродром

Над четири тони опасен отпад собран во општина Аеродром

Околу четири тони опасен отпад е собран во екоакцијата што летово ја организираа Општина Аеродром и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“. Граѓаните имаа можност бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата.

Граѓаните, како што соопшти Општина Аеродром, ги пријавуваа старите електрични и електронски апарати од домаќинствата од кои сакаат да се ослободат на телефонскиот број во најблиската урбана заедница или во „Нула отпад“ на 02/3256-309.

Под електронски отпад се подразбираат статични компјутери и лаптопи, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3-плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видеокамери, печатачи, скенери, факс-машини и стереосистеми. Под електричен отпад се подразбираат шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП