27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПосебен сообраќаен режим за натпреварот Вардар – Фенербахче

Посебен сообраќаен режим за натпреварот Вардар – Фенербахче

СВР најави посебен сообраќаен режим за вечерашниот натпревар Вардар – Фенербахче, кој ќе се одигра на националната арена „Филип Втори“ од 20 часот.

Од 14 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта Трети“, на потегот од крстосницата со „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ до фудбалскиот стадион. На стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Попладне ќе се преземаат мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и на паркинг-просторите околу стадионот.

Полицијата апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг-простори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП