19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаместо потоп на нив им е се подобро, им порасна заработката

Наместо потоп на нив им е се подобро, им порасна заработката

Просечната неделна заработка во Велика Британија, вклучувајќи ги и бонусите, е зголемена во вториот квартал за 2,1 проценти во однос на истиот период минатата година.

Овој податок, во комбинација со вчера објавените податоци за инфлацијата, укажуваат на благо зголемување на куповната моќ и животниот стандард на Британците, кој значително опадна после минатогодишниот референдум за Брегзит.

Растот на просечната заработка од 2,1 проценти е поголем од очекуваното зголемување од 1,8 проценти. Без бонуси, растот e ист, и над очекуваните два проценти, соопшти британската статистичка служба.

Вчера беше соопштено дека малопродажните цени во Велика Британија се зголемени за 2,6 проценти на годишно ниво, што е помалку од очекуваната инфлација, бидејќи економистите очекуваа раст од 2,7 проценти. Сепак, инфлацијата и понатака е над целта од два проценти која ја постави централната банка.

Одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ во јуни 2016 година предизвика пад на фунтата и моментален раст на инфлацијата, па цените на увозната стока значително пораснаа.

Растот на цените го надмина растот на заработката, па така опадна и стандардот на Британците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП