8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на европските работници во Велика Британија достигна рекордно ниво

Бројот на европските работници во Велика Британија достигна рекордно ниво

Бројот на граѓаните на Европската унија (ЕУ), кои работат во Велика Британија, оствари ново рекордно ниво, покажуваат официјалните податоци.

Според нив 2,37 милиони лица од земјите членки на ЕУ, без да се вклучува Велика Британија, биле вработени меѓу април и јуни оваа година во земјата, пренесува „Independent“.

Податоците се за 126.000 повеќе во однос на истиот период од 2016-та година – вклучувајќи го гласањето за „Brexit“, и на највисоко ниво од почетокот на статистиката пред 20 години.

Податоците кои ја покажуваат земјата на раѓање на работниците, а не националноста, исто покажуваат раст.

Мет Хјус од Одделот статистика за пазарот на труд во Националната статистичка служба вели: „Бројот на работниците родени на други места во ЕУ продолжува да се зголемува, но годишната стапка на промена е забавена значително“.

Во вториот квартал од оваа година имало малку над 1 милион лица од 14-те најстари земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Германија, Италија, Шпанија и Франција, кои биле ангажирани во Велика Британија.

За споредба, во вториот квартал на 2016-та година нивниот број бил 947.000 лица.

Забележан е и раст на бројот на Романци и Бугари кои работат во Велика Британија, а за периодот април-јуни тие достигнале 337.000 лица.

Потсетуваме дека ограничувањата за работници од двете земји во Велика Британија беа отстранети во јануари 2014-та година.

Во исто време, сепак се забележува пад на бројот на граѓаните на 8 од земјите од Централна и Источна Европа кои работат во Велика Британија.

Во периодот имало 997.000 работници на Островот од земјите, кои се приклучија кон ЕУ во 2004-та година – Република Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија.

Нивниот број оствари намалување од околу 11.000 лица на годишна база, а ова е прв пат по референдумот во кој спаѓа под 1 милион лица.

Податоците покажуваат дека бројот на меѓународните граѓани надвор од ЕУ, кои работат во Велика Британија, исто така е намален – со 18.000 до 1,2 милиони лица на годишна основа.

Од статистичката служба велат дека оценките се поврзани со вработените и не треба да се користат како индикатор за проток странски мигранти во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП