26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечна нето плата во Словенија 1.045 евра

Просечна нето плата во Словенија 1.045 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни оваа година изнесува 1.045 евра, што во споредба со мај има пад од 0,5 проценти, објави словенечкиот завод за статистика.

Во однос на јуни минатата година, сепак, просечната нето плата е повисока за 2,6 проценти.

Според податоците на словенечката статистика, највисока просечна нето плата била исплатена во секторот Снабдување со електрична енергија и гас во износ од 1,498 евра.

Просечната бруто плата во Словенија за јуни изнесува 1.602 евра, што претставува месечен пад од 0,7 отсто, а на годишно ниво со пораст од 2,4 проценти.

Платите растат побрзо во јавноста отколку во приватниот сектор, но меѓу најдобро платените не се политичарите туку докторите, особено специјалисти и директори на големи здравствени институции, се вели во љубљански “Дневник”.

Тој вели дека меѓу педесет најголеми бруто-плати во јуни, околу 49 се на доктори, од кои првиот доби 14.040 евра бруто плата.

За споредба, претседателот Борут Пахор и премиерот Миро Церар, земаат бруто плата од 6.000 евра, и се на 767-мо и 768-мо место на списокот на најголемите исплатени бруто плати во јавниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП