2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев: Владата не одлучува за цената на струјата

Анѓушев: Владата не одлучува за цената на струјата

Законот за енергетика веќе се подготвува, а клучната цел е заштита на интересите на граѓаните, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Тој истакна дека законот е реформски, со него ќе се подобри севкупната состојба на уредување на односите во енергетскиот сектор и јасно ќе се определат правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија.

„Новата законска рамка содржи европски правила и реформи со кои Македонија ќе фати чекор со регионот и реформските процеси со кои се доцни со години, а нејзината крајна цел е реформски закон што ќе биде усогласен со обврските преземени од Енергетска заедница за имплементација на Третиот пакет, што претставува сет директиви и регулативи на Европската Унија. Рокот до кога требаше да се имлементира Третиот пакет беше 1 јануари 2015 година, а непочитувањето на преземените обврски беа причина Европската енергетска заедница да отвори спор против Македонија“, наведува Кабинетот на Анѓушев.

Во соопштението стои и дека со имплементација на законот, Владата ќе ја врати Македонија на траекторијата на лидери во регионот во оваа област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП