Инфлацијата во Шведска го достигна посакуваниот таргет на централната банка за прв пат од пред речиси шест години, поставувајќи го на преден план прашањето дали времето е зрело за централните банкари да го прекинат долгиот период на стимулативна монетарна политика, соопшти „Bloomberg“.
Основната инфлација, која ги исклучува основните цени на храната и горивата, се зголемува за 2,2% на годишна основа, во јули, минувајќи го целното ниво од 2% за прв пат од крајот на 2011-та. Аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, прогнозираа раст од 1,9 %. Шведската круна поскапе за 0,8% во однос на еврото по објавување на податоците.
Шведската централна банка „Riksbank“ презеде серија мерки во обид да го стимулира растот на инфлацијата во последните три години, намалувајќи ги каматните стапки до негативни вредности и огромното количество пари во економијата преку откуп на државни обврзници.
„Високите нивоа на инфлацијата се добра вест за „Riksbank““, коментира Торбјорн Исаксон, главен аналитичар во „Nordea Bank“. „Но банката не треба да се смирува. Отстапување од прогнозата на финансиската институција може да се оддаде главно на привремените фактори“, додава тој.
Од „Nordea Bank“ предвидуваат прво покачување на каматите во втората половина на годината.