19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМелбурн е најдобар град за живот во светот

Мелбурн е најдобар град за живот во светот

Мелбурн е најдобар град за живот во светот, покажува актуелниот рејтинг на „Economic Intelligence Unit“.

Австралискиот град собра 97.5 поени од максимално можните 100, а добива максимална оценка за здравството, инфраструктурата и образованието.

На второ место е рангиран главниот град на Австрија, Виена со оценка од 97,4 поени со собирање на максималната можна оценка на истите критериуми како Мелбурн. Со 0,1 поен е пониска оценката на градот за културата и животната средина.

Третото место е за Ванкувер (Канада). Топ пет се дополнува со други два града во Канада – Торонто и Калгари, а топ 10 – од Аделаида и Перт (Австралија), Оукланд (Нов Зеланд), Хелсинки (Финска) и Хамбург (Германија).

Истовремено за последователна година најлошиот за живеење град во светот е Дамаск (Сирија) со оценка од 30,2 поени и 140-то место на листата. Пред него е Лагос (Нигерија) со 36 поени и Триполи (Либија) со 36,6 поени.

Меѓу десетте најлоши за живеење градови во светот се вбројуваат уште Дака (Бангладеш), Порт Морсби (Папуа Нова Гвинеја), Алжир (Алжир), Карачи (Пакистан), Хараре (Зимбабве), Дуала (Камерун) и Киев (Украина).

Главниот град на Иран, Техеран е град со најголем напредок во рангирањето, тој се искачува до 127-мо место со вкупна оценка од 50,8 поени.

Меѓу градовите со најголемо подобрување е и Дубаи, кој е на 74-то место со вкупна оценка од 74,7 поени. Следува Абиџан (Брегот на Слоновата Коска) на 129-то место, Хараре (Зимбабве) на 133-то место и Коломбо (Шри Ланка) на 124-то место.

Истовремено Киев е градот кој бележи најсилно влошување на пласманот и паѓа до 131-то место со вкупна оценка од 47,8 поени. Меѓу градовите каде ситуацијата се влошува во последните години, се и Дамаск (Сирија), Триполи (Либија), Детроит (САД) и Москва (Русија).

Тероризмот продолжува да ја поткопува безбедноста

„EIU“ констатира дека во последните пет години нестабилноста во светот се засилува и ги „тресе“ позициите на многу градови во светот како сигурни и безбедни засолништа. Во Европа пример градовите се погодени од растечката закана од тероризмот.

Тероризмот се шири и низ земји како Австралија, Бангладеш, Белгија, Франција, Пакистан, Шведска, Турција, Велика Британија и САД, се наведува во извештајот. Тој не е нов феномен, но фреквенцијата и обемот на актите на насилство значително се зголемуваат, се наведува во текстот.

Најсериозна загриженост за безбедноста има во Западна Европа поради постојаното напади во Франција и ширењето на насилството во Велика Британија и Германија.

Други дестабилизирачки фактори се видливото незадоволство поради миграциската криза и „Brexit“ кои го поставуваат патот кон можен политички конфликт и дополнителна несигурност.

Се засилуваат и дипломатските тензии во светот, особено меѓу Русија и Европа и САД, Иран и некои земји, Северна Кореја и САД, Кина и одредени земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП