22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредлог за дополнително издавање три емисии обврзници за денационализација

Предлог за дополнително издавање три емисии обврзници за денационализација

Владата донесе одлука да го испрати во редовна собраниска процедура предлог-законот за изменување на Законот за издавање обврзници на Република Македонија за денационализација, информира денеска владината прес-служба.

Во законот се предвидени 15 емисии обврзници за денационализација. Со одлука Владата годишно го утврдува износот на обврзниците што ќе се издаваат. Годишниот износ се утврдува врз основа на надоместот даден во обврзници со решенијата што станале правосилни во тековната година.

– Со предлог-законот се предлага дополнително издавање уште три емисии обврзници за денационализација, со цел исплата на обврзниците кои ќе бидат утврдени со решенијата што ќе станат конечни во претстојниот период – се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП