26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКако финансиските институции работат со спортските клубови

Како финансиските институции работат со спортските клубови

Големите спортски клубови непрекинато ги користат финансиските инструмиенти кои, според теорија, би требало да им помогнат со помалку непотребни трошоци да ги ослободат своите буџети. Во пракса, напротив, се покажува дека во повеќето случаи таквата стратегија завршува со малверзации по кои клубовите остануваат со празни каси, а нивните челници со наполнети џебови. И тоа не само на Балканот.

Oд банкарски кредити со различна големина и рокови, преку осигурување на стадионот и играчите, па се до лизинг на возниот парк – спортските клубови на дневна основа употребуваат широк дијапазон на финансиски производи со цел поефикасно да работат, но и да опстанат на пазарот, каде конкуренцијата не победува само на спортските терени. Во суштина, сите клубови во светот користат вакви услуги, додека нивната големина се одредува во која мерка тоа ќе се прави. Во Европа најголеми клиенти се банките, осигурителните куќи и лизинг компаниите на фудбалските клубови, а во САД тоа се учесниците во натпреварувачките лиги во бејзбол, хокеј, кошарка и американски фудбал.

На некои пазари осигурителните куќи и банките креираат посебна побуда за клиенти од светот на спортот, а постојат и држави во кои користењето на посебни финансиски инструменти во оваа област се воведени како задолжителни и регулирани со закон. Така, на пример, во Велика Британија пред четири години воведе задолжително осигурување на фудбалерите, и тоа во сите нивоа на натпреварување – се до аматерските играчи, кој сега без потврда за нивното плаќање не можат да се занимаваат со фудбал.

Ова веќе на самиот старт се покажа како дискутабилно решение, затоа што најбогатите клубови и онака ги осигуруваат своите играчи со многу големи премии, додека аматерите вообичаено плаќаат полиса која ги чини 76 фунти годишно и за возврат добиваат значително мала отштета при повреда. Секако станува збор за добар дополнителен бизнис за британските осигурувачи, а преку данокот и за државата, имајќи во предвид дека во Велика Британија со фудбал редовно се занимаваат околу 8,5 милиони возрасни лица.

Колку е поголем клубот, толку е поголем долгот

Oд сите финансиски опции во понудата, банкарските позајмици се „најблагодарни“ за проневера, особено ако клубовите кои ги земаат се склони на честа промена на своите претседатели или членови на управниот одбор, а истовремено во своја сопственост имаат привлечно градежно земјиште, спортски терени, како и самиот клубски бренд, зад кои стојат децении добри резултати и неколку генерации на навивачи. Доколку ова премногу ви наликува на состојбата во „нашиот мал двор“, тогаш се залажувате – тоа е пракса која со години се употребува и во развиените земји и не е екслкузивно поврзана само со некогашните гиганти чиј сопственик е државата. Првото прашање е зошто, тогаш, банките продолжуваат да позајмуваат пари на вакви институции?

Пред неполни три години Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, се пофали дека неговиот клуб со години успева да биде лидер на листата на „Форбс“ на највредни спортски клубови во светот (во моментов лидер е Манчестер Јунајтед), со проценета вредност од над милијарда евра и најголема остварена заработка. Тоа што Перез тогаш пропушити да го напомене е фактот дека Реал во истовреме бил во „црвено“ со неверојатен долг од 602 милиони евра, од кои 283 милиони на банкарски позајмици! Останатиот износ се однесува на долгови кон играчите, односно на нивните се уште неисплатени заработки – пари кои исто така треба од некаде да се најдат. Кога тоа го забележаа шпанските медиуми, единствениот начин да се обезбеди сигурен извор на средства подразбира континуиран проток на фудбалски суперѕвезди во првиот тим, т.е. нивна продажба „кога ќе загусти“. Нормално, со многу помала помпа отколку кога биле донесени.

Реал и останатите најголеми фудбалски клубови, всушност „балансираат на жица, играјќи се со голема сума на пари“, објасни еден од водечките шпански економисти Хозе Марија Гај де Љебана. Според неговите зборови, така создаден „балон“ неминовно ќе мора да пукне еден ден, а тогаш напомош ќе притрча државата или, евентуално, некој нов богат сопственик. Банките не ги одбиваат најголемите клубови како клиенти, затоа што во нивниот случај шетата е практично загарантирана, но на овој начин тие помагаат на оваа практика и постојано ја подигнуваат улогата, која се заканува на крајот многу од клубовите да ги доведе до банкрот.

Порад таа причина, „UEFA“ уште во 2011-та година го претстави својот програм за Финансиски Фер-плеј (Financial Fair Play), како голема пресвртница поради регулативите кои за цел имаат токму да ги спречат големите клубови да се „самоубијат“ поради неплатените кредити, но и на оние помалите да им помогнат постепено да се вклучат во богатото друштво. Промовирајќи ја оваа иницијатвива, претседателот на „UEFA“ Мишел Платини нагласи дека „преку 50 проценти од европските клубови се во загуба и дека тој тренд е се поголем“.

Европската куќа на фудбалот подготви систем за казнување на фудбалските организација кои континуирано ќе трошат повеќе, отколку што ќе заработат – од забрана за трансфери па се до исфрлање од сите натпреварувања под нејзина „капа“. Но во реалноста се остварени резултати, засега, далеку од прекрасни, а меѓу останатото и затоа што програмата „FFP“ во целост ги предвиде долговите врз основа на банкарските кредити кои ги наталожија до моментот на нивното придвижувње. Во овој момент, долговите на најголемите продолжуваат да растат, исто како и нивните приходи, а до кога таквата состојба ќе биде одржлива – останува да видиме.

„Се прават Англичани“

Клубовите во Премиерлигата од сезоната 2018-19 ќе бидат во можност да земаат кредити од позајмувачи кои претходно ги одобрил надзорното тело на националната Фудбалска асоцијација. Како главна причина за оваа одлука се наведува примерот со премиерлигашите Вест Хем, Саутемптон и Евертон, кои во текот на изминативе години позајмуваат милиони фунти од извесна „Вајбрак“ корпорација, регистрирана на Дествените острови, и со непотврдени сопственици. Со оглед дека подигнувале кредити со многу пониска каматна стапка од конкуренцијата на Островот, и поради што позајмените пари се со сомнително потекло, споменатите клубови се „опоменати“ да престанат со таквата пракса, по што е формирана листа на проверени кредитори.

За разлика од Европа, каде не се знае „кој пие, кој плаќа“, во САД водечките спортски клубови, наједноставно речено се одвива преку раководење на било која друга компанија. Во нив нема државно учество, па со самото тоа ни национален интерес, а законите за суров капитализам ефикасно го уредуваат нивното фукнционирање. Сопственици, богати поединци или фондови, едно е важно дека преку продажба на влезници за натпревари, ТВ права, официјални дресови и друга брендирана стока, да се забележи што е можно поголем профит.

Кредитите кои им се издаваат на клубовите главно се во контектст за проширување или иградба на спортски комплекси, всушност како помош за креирање на нови активи, а не како удел за спасување на постоечкото, што е случај на Стариот континент.

Златни кокошки и златни нозе

Американските спортисти просечно се склони да ги осигуруваат оние делови на телото кои им обезбедуваат плата, отколку нивните колеги од другите краеви на планетава. Сепак, светски рекордери кога станува збор за оваа тема се двајца Европејци – капитенот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој ги осигурал неговите нозе во случај на повреда на фудбалски терен на 103 милиони евра, и неговиот директен ривал од Барселона, Лео Меси, за кој се „шушка“ дека ги осигурал нозете на преку половина милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП