7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Кинескиот долг е на „опасен пат“

ММФ: Кинескиот долг е на „опасен пат“

Големиот долг на Кина е на „опасен“ пат, кој го зголемува ризикот од остро забавување на економскиот раст, предупреди денес Меѓународниот монетарен фонд, повикувајќи го Пекинг да ги забрза структурните реформи.

ММФ, кој во повеќе наврати ја предупреди Кина поради наталожување на долгот, наведе во новиот извештај дека втората најголема светска економија мора да се заврти кон патот на одржлив раст, пренесува агенцијата АП.

„Меѓународното искуство укажува на тоа дека растот на кредити во Кина е на опасен пат, што ги зголемува ризиците од пореметување или значително забавување на растот“, наведоа експертите на ММФ.

Иако краткорочните прогнози за економскиот раст на земјата се потврдени, тоа е направено по цена на „понатамошно големо и континуирано зголемување на приватниот и јавниот долг, а со тоа и зголемување на ризикот на среден рок“, пишува во извештајот.

ММФ ја задржа прогнозата за растот на кинескиот бруто домашен производ (БДП) од 6,7 проценти за оваа година, но во извештајот предупреди дека долгот на земјата би можел да порасне од околу 235 проценти од БДП минатата година, на повеќе од 290 проценти до 2022 година.

Инвестициите во инфраструктурата и недвижнините по основ задолжување со години го поттикнуваа растот на кинеската економија, но Пекинг покрена стоги мерки за запирање на кредитните активности на банките поради страв од потенцијална финансиска криза.

ММФ му препорача на Пекинг да продолжи со реформите за поттикнување на растот на потрошувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП