24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка и натаму во рецесија

Чешка и натаму во рецесија

czechrepublic_front

Чешката економија останува во рецесија, најдолго во модерната историја на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според, податоците на Заводот за статистика (ЧСУ) во првото тромесечје од годинава економијата ослабела за 0,8 проценти, односно во споредба со истиот период минатата година за 1,9 проценти.

На резултатите делувала слабата надворешна побарувачка и нерамната наплата на даноци.

– Тоа, дека чешката економија на почетокот на годинава се уште не излезе од рецесија, всушност се очекуваше, но реалниот пад на Бруто домашниот производ (БДП) делуваше како студен туш, оценува економистот Патрик Рожумберски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП