6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS гаси 40 проценти од работните места во ИТ секторот

RBS гаси 40 проценти од работните места во ИТ секторот

Финансиската групација „Royal Bank of Scotland“ ги извести вработените за укинувањето на уште 40 проценти од ИТ работните места во филијалата на банката во Лондон до 2020 година.

Тоа го соопшти британската синдикална организација Unite, јавува агенцијата Ројтерс.

Заедно со 65-процентното намалување на бројот на агенти за продажба вработени во банката, вкупно ќе бидат отпуштени 880 лица, се наведува во соопштението на синдикатот.

Тие оценуваат дека „опседнатоста“ на банката да го намали бројот на работни места е „целосно неприфатлива“, синдикатот додаде дека до 2020 година во ИТ секторот ќе бидат само 950 постојано вработени лица со полно работно време, во споредба со 2.200 колку што беа во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП