ЕКОНОМИЈА

Бил Гејтс донираше пет отсто од неговото богатство

Бил Гејтс донираше најголем износ од почетокот на овој век, поклонувајки пет проценти од своето богатство.

Милијардерот на 6 јули донираше 64 милиони акции во вредност од 4,6 милијарди долари, објави Американската Комисија за регулирање на трговијата и хартии од вредност.

Иако не е објавен примачот на донацијата, Гејтс најголемиот дел од парите го донира на хуманитарната организација “Бил и Мелинда Гејтс”, кој ја основаше со својата сопруга.

Гејтс во 1.999 донираше акции од Микрософт во вредност од 16 милијарди долари, а во 2000 година тој донираше 5,1 милијарди. Со неговата сопруга од 1994 донирале вкупно донирале околу 35 милијарди долари во добротворни цели.

Тој се уште е најбогатиот човек во светот, а се проценува дека вкупната вредност на неговото богатство е 86,1 милијарди долари.