13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија изненади: Неочекувано стабилно

Британија изненади: Неочекувано стабилно

Малопродажните цени во Велика Британија се зголемени за 2,6 проценти на годишно ниво. Тоа е помалку од очекуваната инфлација, соопшти британската служба.

Економистите очекуваа раст од 2,7 проценти. Сепак, новите податоци и понатака ја држат инфлацијата над целта од два проценти, која ја постави централната банка.

Инфлацијата во Велика Британија нагло порасна минатата година по референдумот за излез од Европската унија, бидејќи таа одлука предизвика голем пад на фунтата, па цените на увозната роба значително пораснаа.

Растот на цените го надмина растот на заработката, па опадна и стандардот на Британците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП