За услуги за хотелско сместување во Македонија и во странство, Македонската академија на науките и уметностите ќе потроши милион и двесте илјади денари или приближно 19,5 илјади евра.
На Електронскиот систем за јавни набавки објавена е понуда со критериум за доделување на набавката, кој е најниската цена. Во постапката ќе се корисити електронска аукција. Понудите може да се достават најдоцна до 24 август.