3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедница на Владата: евтина струја, народни кујни, две смени во градинките…

Седница на Владата: евтина струја, народни кујни, две смени во градинките…

Владата на вчерашната  седница го разгледа годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година, а заменик-претседателот на Владата за економски прашања ја запозна Владата со Информација во врска со одржан состанок во Секретаријатот на Енергетска заедница во Виена, Австрија на 9 август годинава и притоа истакна дека законот за воведување на евтина тарифа во снабдувањето со електрична енергија дека треба да биде ставена во приоритетните закони поради и напомена дека нема пречки тоа да биде спроведено во Македонија.

Владата го разгледа и годишниот Извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година го утврди мислењето врз основа на заедничкото мислење што Министерството за економија ќе го подготви во соработка со Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, при што да се имаат предвид поединечните мислења на Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство, и го достави во понатамошна процедура во Собранието на Република Македонија.

Во текот на седницата беше разгледана и Информацијата за воведување на втора смена во јавните установи за деца – детски градинки во Македонија. За овој предлог Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ја информира јавноста за овој предлог и да побара мислење од сите засегнати страни за потребата од двосменско работење на градинките.

Владата да ја разгледа и усвои Информацијата за прогрес на Проектот „Отварање на народни кујни“ за периодот јануари-јуни 2017 и да ја усвои Информацијата, со новиот текст на заклучоци.

Во текстот се задолжуваат неколку општини од земјава да обезбедат услови, простории за делење храна и транспорт за дистрибуција на храна, во рамките на проектот „Отварање народни кујни“, и за тоа да го известат Министерството до однапред утврден временски рок. Исто така се задолжи Министерството за труд и социјална политика да направи анализа на ефектот од функционирање на народните кујни и во рок од 30 дена до Владата на Република Македонија да предложи модели за подобрување на функционирањето на Проектот народни кујни.

Владата, во вчерашната дискусија ја прифати и донесе Предлог-oдлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовната активност „VIGORIOUS WARRIOR”, во Република Унгарија, и Предлог-oдлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовната активност „JOINT COOPERATION”, во Сојузна Република Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП