20 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се отвораат народни кујни во уште неколку општини

Ќе се отвораат народни кујни во уште неколку општини

Владата на Република Македонија ја разгледала и ја усвоила Информацијата за прогрес на Проектот „Отварање на народни кујни“ за периодот јануари-јуни 2017.

Во текстот се задолжуваат неколку општини од земјава да обезбедат услови, простории за делење храна и транспорт за дистрибуција на храна, во рамките на проектот „Отварање народни кујни“, и за тоа да го известат Министерството до однапред утврден временски рок.

„Исто така се задолжи Министерството за труд и социјална политика да направи анализа на ефектот од функционирање на народните кујни и во рок од 30 дена до Владата на Република Македонија да предложи модели за подобрување на функционирањето на Проектот народни кујни“, соопшти владината служба за информирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар