4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосна забрана за движење во шуми само за Македонски Брод и Чашка

Целосна забрана за движење во шуми само за Македонски Брод и Чашка

Овој месец се регистрирани 56 пожари, а опожарени се 4.000 хектари. Досега е завршена постапката за 22 пожари, од кои што штетата е околу 1 милион евра. Првичните анализи покажуваат дека дел од пожарите се подметнати, а дел се предизвикани од невнимание.

Министерството за внатрешни работи, веќе има поднесено кривични пријави против две лица, посебен извешај за едно лице и записиници за две лица, поради постоење сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување шумски пожари“ во регионот на Македонски Брод, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Македонски Шуми“, даде согласност за повлекување на целосната и враќање на делумната забрана за движење во шуми. Оваа делумна забрана не важи за регионите каде што е прогласена кризна состојба, односно за Македонски Брод и Чашка, таму останува на сила целосната забрана за движење во шуми. Делумната забрана ќе трае сè до проценка дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. Делумната забрана за движење во шуми не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, за организирана ура на туристи за туристичко рзгледување.

И покрај враќањето на делумната забрана, и во следниот период ќе има засилени контроли на терен од страна на Шумската полиција и Инспекторатот за шумарство и ловство. Исто така засилени конторли ќе се спроведат за да се спречи опожареното дрво да заврши во промет.

– Ние сме во постојана комуникација со ЈП Македонски шуми. Нема да дозволиме опожареното дрво да биде ставено во промет. Со новиот директор на ЈП Македонски Шуми Зоран Ѓорѓиев, веќе ги креиравме политиките на кој начин ќе се спроведува постапката со опожареното дрво.Ќе се најде начин како ова опожарено дрво да се користи во понатамошниот период, но во никој случај нема да дозволиме тоа дрво да се препродава. Во координација со ЈП Македонски шуми, ќе ги разгледаме сите други опции како ова дрво може да се употреби за други намени, на пример за пензионери, синдикати или други цели, но нема да дозволиме ова опожарено дрво да се стави во промет – вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП