4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHome Depot забележа повисоки од очекувањата продажба и профит

Home Depot забележа повисоки од очекувањата продажба и профит

Американскиот синџир за трговија на мало со стоки за домаќинство „Home Depot“ забележа повисоки од очекуваните профит и продажба, соопшти „Ројтерс“. Покрај тоа, компанијата ја зголеми прогнозата за добивка.

Акциите на „Home Depot“ поскапеа за 2,3% во берзанската трговија.

Американците инвестираат повеќе во своите домови, бидејќи цените на куќите се зголемуваат во услови кога ќе се спушти понудата.

Од „Home Depot“ и петходно изјавуваа дека поскапувањето на имотите е еден од главните мотиви луѓето да инвестираат во своите домови“, вели Алан Рифкин од „BTIG Research“.

Во вторникот од „Home Depot“ изјавија дека веќе очекуваат годишните продажби да се зголемат за 5,3 отсто, а профитот по акција да се искачи на 7,29 долари во текот на годината до крајот на јануари. Претходните прогнози беа за 4,6% раст на продажбата и 7,15 долари заработка по акција.

Продажбата во продавници, кои се отвориле пред повеќе од една година, расте со 6,3%, што е побрза стапка од прогнозираната во износ од 4,9 отсто.

Нето добивката расте до 2,67 милијарди долари, или 2,25 долари по акција, во кварталот, завршен на 30-ти јули. Година порано профитот беше 2,44 милијарди долари, или 1,97 долари по акција.

Нето продажбата расте со 6,2% до 28,11 милијарди долари.

Експертите, анкетирани од „Thomson Reuters“, очекуваа профит од 2,22 долари по акција и приходи од 27,84 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП