17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре ќе биде затворен патот кон Теферич

Утре ќе биде затворен патот кон Теферич

Општина Кисела Вода известува дека утре, 16 август, патот кон Теферич ќе биде затворен за сообраќај.

Прекинот на оваа сообраќајница ќе биде поради изведување градежни активности, односно асфалтирање на патот што води кон Теферич. Овие градежни активности се дел од продолжението на втората фаза од проектот за проширување и реконструкција на нови 500 метри.

„Воедно, ги молиме граѓаните за нивно трпение и разбирање додека се во тек градежните активности на оваа собраќајница“, соопшти општина Кисела Вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП