15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија сака привремена царинска унија по Брегзитот

Велика Британија сака привремена царинска унија по Брегзитот

Велика Британија сака привремена царинска унија во преодниот период, по излегување од Европската Унија, и за тоа не би требало да плати, рече денеска министерот за брегзит, Дејвид Дејвис. Европската комисија, пак, одговори дека ќе го разгледа предлогот, пишува „Сибиз“.

Британците предложија договор за транзицискиот период со Европа по спроведувањето на брегзитот за да се овозможи што послободна трговија на стока.

Лондон предлага воведување привремена царинска унија за да се сочува тесната врска со европската царинска унија. Во тој транзициски период, кој би се договорил со Брисел, како што вели британскиот министер, Обединетото Кралство ќе настојува да воспостави нови амбициозни трговски договори со дел од светот. ЕУ објави дека детаљно ќе го проучи предлогот, но со него ќе се занимава дури кога ќе се постигне напредок во преговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП