2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEкономски директори повеќе ќе нема во болниците

Eкономски директори повеќе ќе нема во болниците

Власта почна постапка за измена на Законот за здравствената заштита, со кој, меѓу другото, е уредено раководењето со јавните здравствени установи.

Со членот 105 е предвидено во јавна здравствена установа – здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт да се именуваат двајца директори, и тоа организациски директор и медицински директор, кои се одговорни за работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет во согласност со надлежностите утврдени со овој или друг закон, подзаконските прописи и менаџерскиот договор.

Во образложението пишува дека досегашното искуство во примената покажало низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори поради несоработка на лицата што беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица.

Власта предвидува да се воспостави поефикасно и поефективно организирање на работата во установите со организациска поставеност во која лицето именувано за директор ќе биде одговорно за работата на установата и да се намалат трошоците поврзани со платите и другите трошоци за работење во јавните здравствени установи- здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП