12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструкцијата на делницата Ропалце-Матејче-Липково ќе чини над сто милиони денари

Реконструкцијата на делницата Ропалце-Матејче-Липково ќе чини над сто милиони денари

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека ја прифати понудата од 3 јули на изведувачот ДГ „Бетон“ АД Скопје за реконструкција на делницата Ропалце-Матејче-Липково.

Временскиот период кој го опфаќа договорот е 40 месеци од денот на неговото потпишување, вклучувајќи и можни скратувања или продолжувања во согласност со посебните и општите услови на договорот.

Договорената цена со вклучено ДДВ изнесува 106.490.436 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП