27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААпел на ЕВН до земјоделците: Внимателно при земјоделските активности под далноводите

Апел на ЕВН до земјоделците: Внимателно при земјоделските активности под далноводите

„ЕВН Македонија“ ги повикува земјоделците на внимателно ракување со земјоделската механизација и опрема во близина на далноводите од дистрибутивната мрежа. Особено внимателни треба да бидат додека ракуваат со опремата за наводнување.

Извршување земјоделски активности под електричните водови треба да се избегнува, односно да се ограничи само на оние што мора да бидат изведувани и во таков случај задолжително треба да се преземат мерки за безбедност.

„Металната опрема, како што се цевки за наводнување и разни видови прскалки, во никој случај не смее да дојде во директен допир или да се приближува до спроводниците од надземните водови. Не смее да се поставуваат метални цевки за наводнување паралелно со трасата на надземниот вод и при наводнување, задолжително да се избегнува приближување и контакт на водниот млаз со надземните водови. Особено да се обрне внимание и на силината и правецот на ветерот“, апелира ЕВН.

Во близина на електричните водови цевките за наводнување во никој случај не смеат да се поставуваат вертикално ниту при нивно празнење ниту при транспортот. Транспортот на останатата опрема за наводнување мора да биде исклучиво во хоризонтална положба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП