2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИспораките на Airbus ја зголемија добивката на EADS

Испораките на Airbus ја зголемија добивката на EADS

eads1

Европскиот воздушен концерн „EADS“ денес објави дека неговата добивка во првиот квартал од оваа година е нагло зголемена благодарение на зголеменото производство во „Airbus“, пренесуваат странските медиуми.

Оперативната добивка на компанијата во првиот квартал е зголемена за 56 проценти, на 741 милион евра, благодарение на зголеменото производство во „Airbus“, чии приходи се зголемија за 16 проценти.

Минатата година „Airbus“ повторно ја завзема водечката позиција во светот според бројот на испорачани авиони, која една година претходно му за превзема американскиот „Boeing“.

„Airbus“ објави дека во периодот од јануари до март испорачал 144 авиони, во однос на 131 испорачани авиони во истиот период минатата година.

„EADS“, исто така, ја ревидираше својата прогноза за испорака на комерцијални авиони во оваа година и сега очекува дека ќе испорача помеѓу 600 и 610 авиони, благодарение на постојаното засилување на побарувачката од блискоисточните и азиските превозници.

Нето добивката е речиси двојно зголемена во споменатиот период, на 241 милион евра.

Извршниот директор Том Ендерс оцени дека компанијата „прилично добро се движела во 2012 година“, истакнувајќи дека во наредниот период ќе се фокусира на подобра профитабилност во оваа и наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП