Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп првотo полугодие од 2017 година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 41,4 милиони денари. Во истиот период 2016 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 74,4 милиони денари.
Во првото полугодие приходите од работењето во износ од 398,2 милиони денари бележат намалување од 6,4% или нешто повеќе од 27 милиони денари во однос на 2016 година. Бруто полисираната премија бележи намалување во однос на истиот период од минатата година од 11,2% и тоа најмногу во класите на осигурување од незгода и каско осигурување на моторни возила. Приходите од вложување бележат намалување во однос на 2016 од 9,3% најмногу заради намалените каматни стапки на депозитите, како и намалениот принос на државните хартии од вредност.
Расходите од работењето во износ од 356,8 милиони денари се за 1,6% повисоки во однос на предходната година .
Со оглед на фактот дека намалувањата на премијата се најмногу во класите на осигурување кои се со повисок однос на штети во однос на премијата, во втората половина на годината не очекуваме некои големи отстапувања во однос на планираниот резултат во однос на остварувањето на добивката.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.