9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсмани: Со денешната одлука се одмрзна проектот БЕЉАНОВЦЕ - СТАНЧИЌ

Османи: Со денешната одлука се одмрзна проектот БЕЉАНОВЦЕ – СТАНЧИЌ

Денес, Заменик Претседателот на Владата не Република Македонија, Бујар Османи, го потпиша дополнувањето кон Спогодбата за финансирање за ИПА програмата за преку-гранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово за 2013 година со што формално правно ИПА  средствата од оваа програма се ставија на располагање за финансирање на стратешкиот проект Бељановце – Станчиќ. На ова му претходеше одлука на Владата на Република Македонија, со која Вицепремиерот Османи денес доби полномошно да го потпише дополнувањето кон Спогодбата за финансирањето на ИПА.

„Напорно се работеше за исполнување на сите неопходни услови кои беа потребни за почеток на реализација на овој проект. Една од најзначајните активности беше изградбата на патот до новиот граничен премин, финансиран со национални средства во висина од околу 6 милиони евра.“ изјави Османи за медиумите. Тој додаде дека станува збор за заеднички граничен премин во кој пограничните органи ќе делат една заедничка зграда која се наоѓа на териториите на двете држави. Од тука произлегува комплексноста на овој проект, за чиј почеток на реализација беше неопходна сеопфатна консултација и усогласување на постапките согласно националните законодавства на двете држави, што несомнено бараше многу време.

По долготрајното усогласување на постапките за изработка на Урбанистичка и проектанта документација, изградба на потребна инфраструктура и ставање во употреба на граничниот премин, поделба на  оперативни трошоци и вршење на гранични проверки и контрола и тн., во текот на утрешниот ден ќе следи потпишување на протокол помеѓу двете држави со кој сите овие постапки се финално регулирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП