18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинците ja почнуваат „битката“ за повисока плата по долги години штедење

Финците ja почнуваат „битката“ за повисока плата по долги години штедење

Ако претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги бара знаци за раст на платите, може да најде такви во Финска, коментира „Bloomberg“.

Откако постигнаа најбрз раст на економијата во еврозоната во првото тримесечје, финските работници веќе се противат на економиите и бараат повисоки плати, што според нив е фер во предвид обновувањето на извозот.

Финците се откажаа од вонредните работни часови и од одморите во одговор на барањата на Владата. Нивните напори помогнаа на единствената членка на еврозоната од Скандинавија да излезе од тригодишната рецесија. Сега сепак се протега чувство дека е потребна промена што ја подготвува сцената за веројатно најтешките преговори за платите во земјата по повеќе години.

Финската индустрија се подобрува, а извозот повторно расте, вели Петри Ванхала, претседател на „Finnish Paper Workers Union“, кој претставува 36.400 работници. Тоа значи дека треба да има и „нешто да „паѓа“ во џебот на вработените“, вели тој во интервјуто од Хелсинки.

Ванхала и претставниците на други синдикати го одбрале добро моментот за „битка“. Растот на извозот ги надмина повеќето прогнози, а најголемите фински индустриски компании сега се повеќе профитабилни. Во исто време платите во последните пет години се зголемиле само со 6%.

Компаниите би требало да можат да си дозволат да ги плаќаат на работниците повеќе, вели Ванхала. Синдикатите упатуваат разумни барања, додава тој, и нема да стигнат премногу далеку.

Од другата страна на масата на преговори сепак работодавачите остануваат внимателни. Тие тврдат дека економијата на Финска се уште е премногу кревка за да се преземе ризикот да се откажат од некои предности во конкурентноста.

„Потребен ни е економски раст на долг рок и тоа не треба да биде криво од претстојните разговори за платите“, вели Јури Хакамис, шеф на „Confederation of Finnish Industries EK“, во интервју. „Економските прогнози нема да се подобрат, а ќе се влошат во текот на следните неколку години“.

Земјата сé уште заостанува зад главните конкуренти во извозот од гледна точка на конкурентноста. Според една неодамнешна студија на ЕК трошоците за труд по единица производ се уште се со 1% повисоки во Финска, отколку во Шведска, и со 5% повисоки од оние во Германија.

Финскиот БДП се уште е под рекордните врвови пред една деценија, кога телекомуникацискиот гигант „Nokia“ доминираше на глобалниот пазар на мобилни телефони и кога извозот кон Русија растеше.

Има надеж дека Владата ќе интервенира и ќе ја надмине разликата преку даночни стимулации.

Конзервативниот министер за финансии Петер Орпо минатиот вторник укажа дека владата можеби е подготвена да го намали данокот на доход, за да ја поддржи куповната моќ на работниците.

Орпо рече дека одлуките треба да бидат земени во преговорите за буџетот до крајот на август и ги повика сите партии да бидат умерени во преговорите.

„Направивме сериозни жртви, додека работевме заедно, за да ја зголемиме конкурентноста и сега е моментот да бидеме претпазливи“, вели тој за новинарите. „Би било лудост да ги пропуштиме придобивките од економскиот раст кои почнуваме да ги гледаме дури сега“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП