26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата на Ворен Бафет го продаде целиот свој удел во General Electric

Компанијата на Ворен Бафет го продаде целиот свој удел во General Electric

Компанијата на Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway“, ги продала своите акции во „General Electric“ кон крајот на јуни, станува јасно од регулаторната порака, цитирана од „CNBC“.

Пред тоа „Berkshire Hathaway“ држела 10,6 милиони акции на компанијата. Во јуни „General Electric“ објави дека извршниот директор Џеф Имелт ја напушта функцијата оваа година и ќе биде наследен од Џон Фланери од „GE Healthcare“.

Изгледа сепак „Berkshire“ зачувала дел од учеството во наследството на „GE“. Конгломератот пријави 17,5 милиони акции во „Synchrony Financial“, финансиската поделба на „GE“, која беше одделена во самостојна компанија во 2014-та година преку „ИПО“. Акциите на „Synchrony“ поевтинуваат со 18,3% во оваа година.

Уделот на „Berkshire“ во „GE“ бил еквивалентен на само 0,12 отсто од акциите во оптек.

Во времето на финансиската криза Бафет постигна договор да инвестира 3 милијарди долари во „GE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП