29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНи на шефовите не им е лесно

Ни на шефовите не им е лесно

Никогаш крај на приказните со суровите, неуките, агресивните шефови, но дека ниту вработените не се цвеќиња за мирисање откриваат искуствата на менаџерите на социјалната мрежа Reddit.

Речиси во секоја фирма постојат вработени кои постојано доцнат, а први бараат пауза, често отсуствуваат и забушаваат во работата.

Многу често измислуваат повреди и болести, како и други причини кои се пречка работата да се обави до крај и како што треба.

Има и вработени кои ја поткрадуваат компанијата, како и оние кои ќе го „позајмат“ службениот автомобил, ќе се напијат, па ќе го скршат. Некои вработени се затекнати како на работното место дури користат и недозволени дроги.

Ги има и оние кои со денови не се појавуваат на работа, а отсуството им го оправдува „мама“, како и „осветници“ кои му телефонираат на шефот на домашнитот телефон во текот на ноќта и ја прекинуваат врската.

Да не зборуваме воопшто за бројот на оние кои на работното место играат игрици, си се допишуваат по социјалните мрежи, сурфаат на интернет, си гледаат разни видеа… во поголеми мери отколку што работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП