2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрастична промена кај Русите: Се вртат на другата страна

Драстична промена кај Русите: Се вртат на другата страна

Русија драстично го зголеми увозот од земјите нечленки на Заедницата на Независни Држави (ЗНД) од почетокот на оваа година до крајот на јули.

Членки на ЗНД се Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија, Азербејџан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан.

Увозот од земјите надвор од тој блок порасна во текот на седум месеци за 27,4 проценти на 107,6 милијарди долари во однос на истиот период минатата година, пренесува Раша тудеј, покажуваат податоците на руската Федерална управа на царината.

Само во јули, извозот на руската машинска индустрија е зголемен за повеќе од 35 проценти на годишно ниво, додека продажбата на руски прехрамбени производи во странство пораснала за 23,1 проценти.

Истовремено, во извештајниот месец, увозот на чевли и текстил скокнал за 21,8 проценти, а хемиските производи за речиси 20 проценти.

Јулскиот увоз на житарки на годишно ниво речиси двојно се зголемил, додека купувањето на зеленчук е зголемено за 40 проценти, а на млечните производи за 42 проценти.

Количината на овошје кое Русија го купила на странските пазари пораснала за 41,6 проценти, увозот на месо е зголемен за 27, а на рибата за речиси 10 проценти.

Царината сопшти дека вредноста на увозот во јули изнесувала 17,82 милијарди долари, што е за 0,4 проценти повеќе во споредба со претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП