17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на германската економија се забавува малку во вториот квартал

Растот на германската економија се забавува малку во вториот квартал

Растот на германската економија се забавува малку, соопштува „Ројтерс“.

Бруто домашниот производ во федералната република расте со 0,6% во вториот квартал во однос на претходниот, покажуваат податоците на статистичката служба „Destatis“. Тоа е под очекувањата за зголемување од 0,7 отсто. Вредноста во првиот квартал е ревидирана нагоре од 0,6 до 0,7%.

По измазнување на ценовните ефекти БДП-то расте со 0,8% на годишна основа, откако во првиот квартал стапката била 3,2%. „Destatis“ објаснува со фактот дека во вториот квартал имало 3 работни дена помалку во однос на истиот период од минатата година, а во првиот работните денови пак биле со 3 повеќе во споредба со периодот јануари-март 2016-та година.

Кога ќе се „испеглаат“ и овие календарски изобличувања, БДП-то во Германија во вториот квартал порасна за 2,1%. Според „Financial Times“ тоа е најострата годишна стапка на раст од 2014-та година.

Германската економија се прошири 12-ти по ред квартал, а невработеноста е на најниско ниво од обединувањето на земјата, па наваму. Канцеларката Ангела Меркел и нејзината Демохристијанската унија се очекува да победат на парламентарните избори на 24-ти септември. Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле освен тоа успеаја да постигнат балансиран буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП