ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на издадени одобренија за градба

Намален бројот на издадени одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2017 се издадени 230 одобренија за градење што е за 16.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 806 255 илјади денари што е за 13.6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 158 (68.7%) се наменети за објекти од високоградба, 19 (8.3%) за објекти од нискоградба и 53 (23.0%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 230 објекти, на 155 (67.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 (32.6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 927 станови со вкупна корисна површина од 68 433 м2.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП