ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево со мала до умерена облачност

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денес во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 степени, а дневната од 25 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието.

Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната до 31 степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Во среда и четврток ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП